Conseil de l'Europe
  Quoi de neuf ?  |  A propos du CPT  |  Membres  |  Etats  |  Visites  |  Documents  |  Base de données

Европски комитет за спречување на тортура
и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (КСТ)

[ Македонска верзија / Macedonian language / Langue macédonienne ]


Накратко за КСТ


Спречување на лошо постапување со лица лишени од слобода во Европа

КСТ организира посети на местата на притворање и затворање, со цел да оцени како се постапува со лицата лишени од слобода. Овие места вклучуваат затвори, воспитно - поправни центри за малолетни сторители, полициски станици, прифатни центри за сместување на емигранти, психијатриски болници, социјални домови за згрижување и други.

Делегациите на КСТ имаат неограничен пристап до местата за лишување од слобода и имаат право слободно да се движат внатре во овие места без ограничување. Тие насамо разговараат со лицата лишени од слобода и слободно комуницираат со сите лица кои можат да дадат потребни информации.

По секоја посета, КСТ до засегнатата држава испраќа детален извештај. Во овој извештај се содржани наодите и препораките на КСТ, како и забелешки и барања на информации од страна на комитетот. КСТ исто така бара детален одговор на прашањата покренати во неговиот извештај . Овие извештаи и одговорите претставуваат дел од постојаниот дијалог што комитетот го води со засегнатите држави.

Целосниот назив на КСТ е „Европски комитет за спречување на тортурата и нечовечното и понижувачко постапување или казнување”. Со тоа се нагласуваат две значајни особености: прво, неговиот  обем на делување ја опфаќа Европа, и второ, не ја покрива само тортурата, туку и широк спектар на ситуации кои можат да се подведат под „нечовечно и понижувачко постапување или казнување“.

Систем на посети

Посетите ги спроведуваат делегации кои вообичаено се составени од неколку членови на КСТ, кои ги придружуваат вработените во Секретаријатот на КСТ, а доколку е потребно се вклучуваат и други експерти и толкувачи.

Делегациите на КСТ ги спроведуваат посетите на периодична основа (вообичаено еднаш на секои четири години), но дополнително се вршат „ad hoc” посети кога за тоа ќе се јави потреба.

КСТ мора да ја извести државата дека има намера да изврши посета. По известувањето, делегацијата на  КСТ може, во кое и да е време, да ги посети местата каде што лицата можат да бидат лишени од слобода.

Соработка и доверлив карактер

Начелата на соработка и доверливиот карактер на комуникацијата се вградени во меѓународниот договор со кој се основа КСТ.

Објавување

Структура на КСТ

Основни податоци

Ратификации


Извори на дополнителни информации


  ^

Contactez-nous   |   Presse   |   www.cpt.coe.int